BIZZ

Скопје Север АД Скопје

За топлината во Вашиот дом се грижиме заедно

 

Како се изработува авансната фактура за потрошувачите кои плаќаат на 12 месеци? 

За првиот дел од грејната сезона (октомври – декември), се изработува авансна фактура за месеците: август, септември, октомври и ноември, за да декемвриската биде изравнителна со износот од регистрираната енергија на мерачот на топлинска енергија.

За вториот дел од грејната сезона (јануари – април), се изработува авансна фактура за месеците: јануари, февруари, март и април. Авансираниот износ во однос на износот од регистрираната топлинска енергија на мерачот се распределува во следните три месеци, мај, јуни и јули.

Основа за дефинирање на авансната фактура е потрошувачката на енергија од претходната грејна сезона, коефициентот на прогнозирана потрошувачка на енергија, цената на топлинската енергија на почетокот на плаќањето за новата грејна сезона, ангажираната моќност и вкупниот број на активни потрошувачи.

Авансната фактура се пресметува согласно член 37 од Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија (Сл весник бр 151/2009).

страната е во фаза на изработка

Актуелни информации